Секоја пречка за добро...


 


Секоја пречка за добро

Една вдовицата имаше само една ќерка која беше убава и пред се имаше многу убав глас.  Гледајќи дека има ќерката е талентирана за пеење, помислила девојчето да стане пејачка.  Нејзиниот сон беше да ја види како пее во  Миланската скала!

 Така, мајката со помош на Атински политичар успеала да најде решение за ова прашање и резервирала билет за својата ќерка за Италија.

 Но, на денот на заминување ќерката не можела да стане од креветот, туку останала парализирана во кревет!

 Мајката се згрозила, вознемирена и почнала да хули и да се расправа со Бога.  Ќерката наместо Миланската скала е одведена во болницата во Вула.  Таму останала 4 месеци и ниту еден лекар не можел да дијагностицира од што боледува...

 Еден ден во собата на ќерката дојде еден монах, кој зборуваше за Христа и ги тешеше болните.  Ќерката почнала да ги слуша неговите зборови дека: „Бог многупати ја подава раката за да спаси човек од несреќа“.

 Зборовите ја вознемириле ќерката...

 - Мајко, дали сето ова е за мое добро?  Дали Господ дозволи ова „зло“ да ме спаси од некое зло?

 - Што зборуваш, дете мое?

 Но, ќерката, како што минуваа деновите, се повеќе веруваше дека тоа што и се случи е за нејзино добро.

 Велигден се приближуваше.  И еден ден ѝ кажа на мајка си:

 - Мајко, Велигден ќе го поминеме заедно,ако ти го смениш животот а јас ќе бидам добро, без лекување!  Ајде да одиме на исповед и Господ ќе ни помогне!

 Навистина, ќерката се исповедала таму во болница.  Мајката, соочена со страданијата низ која поминувала нејзината ќерка, омекнала и се вразумила и на Велика среда и отишла да се исповеда.

 Утрото со задоволство отишла во болница да и каже, за да се израдува и нејзината ќерка.  И ја најде ќерка си како стои со куфер во рака и ѝ вели:

 - Мамо, те чекам, ајде да одиме.  Од синоќа сум добро!  Да го славиме Велигден во нашата куќа.

 Ова е Бог! Ќерката е фатена од несреќата, за  мајката да се врати на вистинскиот пат.


 Димитриос Панагопулос

Comments