Светите Ангели се најпобожните, најскромните, најљубезните, најпристапните и најпријателските суштества...
Кога се молите на бестелесните сили, не замислувајте ги како страшни и безмилосни суштества. Не, тие се сосема спротивни!
Светите Ангели се најпобожните, најскромните, најљубезните, најпристапните и најпријателските суштества, секогаш спремни да нè слушаат и се многу блиски со оној што ги повикува со вера и љубов во својата молитва.
И нивното име, како и Божјото, е љубов.
Исто така, кога се молиш на бестелесни сили, гледај на сè земно како пропадливо и сакај го небесниот и вечниот живот со сета своја душа, копнеејќи по него.
Ангелите се многу задоволни кога ќе видат дека ги сакаме даровите на Духот, дека сакаме да станеме сограѓани на блажените духови, кои се во Царството Божјо.
На крајот на краиштата, нешто на кое сме повикани со благодатта на Господ Исус Христос и Пресветата Богородица!
Свети Јован Кронштатски

Comments
Post a Comment
Напиши коментар