Таму каде што завршува вашата наука, започнува нашата, а тоа го вели нашето Свето Писмо...
Еднаш ја слушнав следнава приказна од еден професор по астрономија кој со ентузијазам зборуваше за маглините во планетариумот и ги сметаше за чуда.
Забележувајќи еден едноставен свештеник кој следи група ученици, тој го прашал:
- Што велат вашите Библиски списи за космичкиот простор и безброј ѕвезди?
Наместо веднаш да му одговори, свештеникот прашал:
-Кажи ми професоре, дали мислиш дека науката може да открие помоќни телескопи за да види уште подлабоко во вселената?
Се разбира, напредокот е можен и науката секогаш ќе ги обезбедува потребните средства за истражување на вселената, одговори астрономот. Значи, има ли надеж дека еден ден ќе имате телескопи кои ќе ви покажат сè што постои во светот, до последниот детал?
- Тоа е невозможно, бидејќи светот е бесконечен, одговори научникот.
- Значи, има граница и науката?
- Да, во оваа смисла да.
Па професоре, рече свештеникот, каде што завршува вашата наука,таму започнува нашата, така вели нашето Свето писмо...
Comments
Post a Comment
Напиши коментар