Колку само грешат оние луѓе кои среќата ја бараат надвор од себе...

 Колку само грешат оние луѓе кои среќата ја бараат надвор од себе, во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во големи имоти и задоволства, во пренасочувања и суетни работи, кои имаат горчлив крај! Истото е да се изгради кула на среќата надвор од себе, како што е да се изгради куќа на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е човекот што го разбрал тоа. Среќата е чисто срце, зашто таквото срце станува Божји престол. Така вели Христос за оние кои имаат чисти срца: „Ќе живеам во нив и ќе одам во нив, и ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат Mој народ“. (II Кор. 6:16) Што може да им недостига? Ништо, ништо! Зашто тие го имаат најголемото добро во нивните срца: Самиот Бог!

Свети Нектариј Егински

Comments