Што е за мене Бог?...


 

Што е за мене Бог?



 Свети Нектариј велел: За мене Господ е слава, богатство и пофалба.  Тоа е нешто најслатко и најпријатно.  Тоа е мојата грижа и мојата храна.  Мојата душа е креација на Божјиот здив.  Моето тело е креација на Бога.

 По Божествената благодат јас сум Божји потомок.  Господ ми даде постоење, но и способност да се движам, да дишам и да зборувам.

 Секој ден му го предавам мојот дух на Бога.  Му се молам на Бога.  Живеам со Бог, работам и со Бога сум...

 Се радувам на големиот, силен и жив Бог, Кој е давател, помошник и исполнувач на доброто.  Тој е надгледник на она што го мислам, кажувам и правам.  Го прифаќам Бога како голем судија за тоа што сум го направил.

 Имам Бог кој е благ и простува, долготрпелив и милостив, Спасител и Откупител.

 Го познавам Бога кој е принцип на сè, Кој дава добри работи, кој е претходник, надгледник, семудар, сезнаен, кој ја знае иднината и сегашноста и минатото.  Го славам,го славам,го благословувам и воздигнувам Добриот, Свет, Праведен и вистински Бог.

  Верувам во Бога, се надевам во Бога, Го сакам Бога кој е извор на љубовта.  Мојата душа и мојот ум се подигаат кон Бога и наоѓаат одмор.  Моето срце копнее по Бога.

 Го исповедамТроичниот Бог.  Проповедам за несебичниот, едноставен, суверен и неделив Бог.  Ова единство и тројство.  Ова е она што го признавам, верувам и проповедам.

Верувам во Троичното Божество,благодарност и слава сега и секогаш и за сите времиња.


Амин


 Свети Нектариј Егински


Comments