Господ му го дал рајот на оној што му дал живот кога бил дете!...


 


Господ му го дал рајот на оној што му дал живот кога бил дете!

 



 Случај од животот на Христос како Богомладенец: кога Светото семејство избега од мечот на Ирод и отпатува за Египет.

 На патот се појавија разбојници, со намера да ги ограбат патниците.

 Праведниот Јосиф го водел магарето, натоварено со неговиот мал имот и каде што Пресвета Богородица јавала држејќи го својот Син на градите.  Разбојниците го грабнале магарето со намера да го избркаат, а еден од нив и пришол на Пресветата Богородица да види што држи.  Штом го видел бебето Христос, се зачудил од Неговата необична убавина, а потоа во своето чудење извикал: „А да земеше Бог човечко тело, не можеше да биде поубав од ова Дете!“.  Тогаш разбојникот им наредил на своите соучесници да не земаат ништо од овие патници.

 Полна со благодарност кон овој дарежлив разбојник,Пресвета Богородица му кажала: Знај дека ова Дете ќе те награди со голема награда, затоа што ти денес Го заштити.  Триесет и три години подоцна, истиот човек обесен на Крстот, поради своите престапи, распнат на десната страна на Крстот Христов.  Неговото име беше Дизмас, а вториот, лево, разбојникот беше Гезтас.  Гледајќи го Господа, невиниот и безгрешен Исус Христос Распнат, Дизмас се покаја за секое зло што го направил во својот живот.  Кога Гезтас похули на Господа, Дизмас го бранеше велејќи: овој човек не направил ништо лошо (Лк. 23, 41).

 Затоа Дизмас беше мудар разбојник на кого нашиот Христос му рече: Амин, ти велам, денес ќе бидеш со мене во рајот (Лк. 23,43).  Господ му го дал рајот на оној што му дал живот кога бил дете!


 Свети Николај Велимировиќ

Comments