Старче, што бара Господ од нас?...


 

Старче, што бара Господ од нас?


 Господ од нас го сака нашиот избор, нашето добро расположение, што ќе го покажеме со нашата макар малку почесна борба, и свесност за нашата грешност.  Тој дава се друго.  Нема потреба од оружје во духовниот живот.  Да работиме напорно, да ја бараме Божјата милост и да Му благодариме за се.  Оној кој е оставен во рацете на Бога, без никаков сопствен план, преминува во Божјиот план.  Сè додека човекот е приврзан за себе, тој останува зад себе, не напредува духовно, бидејќи ја спречува благодатта Божја.  За да исчекорите, потребна е голема доверба во Бога.

 Бог секој миг со Својата љубов ги гали срцата на сите луѓе, но ние тоа не го разбираме, затоа што нашите срца се во пламен.  Кога човек ќе си го чисти срцето, се трогнува, се распрснува, полудува, затоа што ја гледа добрината, добрината на Бога, кој и онака го сака.

 Кога човек ќе му го даде срцето на Бога, тогаш неговиот ум е заробен од Божјата љубов и неговото срце постојано чука;  чувствува дека главата му е лесна, а телото му е како пердув.  А кога Божјата љубов е повеќе од капацитетот на срцето, чукањето на срцето го слушаат и оние околу него, бидејќи во оваа ситуација учествува и телото.

 Толку мало срце може да сака толку многу!.. Живот од илјада години, и колку и да има некој срца, не е доволно да му ги предаде на Христа за големата љубов што ни ја покажа и покажува...


 Свети Пајсиј Светогорец


Comments