Ова чудо на Свети Нектариј ни станува познато преку монахот Авимелех, житиеписецот на Светиот. Оваа биографија е објавена во 1921 година, во Волос…
Свети Нектариј во тоа време живеел во Константинопол, каде што работел и во исто време учел во училиштето Метох на Светиот гроб.
Се наближуваа Божиќните денови и Светителот реши да замине во својата татковина да прослави со семејството.
Кога капетанот што го превезувал, заедно со другите патници, бил на море, ги зафатила страшна бура.
Среде разбрануваното море, Светителот видел како едрата на чамецот се кинат и паѓат кон морето. Луѓето беа подготвени дека ќе загинат.
Тогаш Светителот го соблече појасот, го врза за платно и, држејќи го,почна да кажува молитва велејќи: „Боже мој, спаси ме да учам, да станам богослов за да ги замолчам оние што го навредуваат твоето Божествено име“.
И се случи чудото. Бродот стигна до својата дестинација со сите патници здрави и живи благодарение на молитвата на Свети Нектариј.
Бог ги спасил патниците и Светителот, а тој пак го одржал ветувањето, студирал теологија и ги затворил усните на сите кои зборуваа против Бога.
Ова било првото чудо на Светителот, а тој го направил кога имал дваесетина години.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар