Колку ни стануваат убави нашите животи кога благословите на нашите Светители се „мешаат“ и ферментираат во нас!...


Колку ни стануваат убави нашите животи кога благословите на нашите Светители се „мешаат“ и ферментираат во нас!




  Колку ни стануваат убави животите кога благословите на нашите Светители се „мешаат“ и ферментираат во нас!  Беше задоволство да се види што мислат еден за друг Свети Пајсиј Светогорец и Свети Порфириј Кавсокаливит.

 - Старче, му рече еден брат на старецот Пајсиј, сакам да те видам за еден мој проблем за кој разговарав и со старецот Порфириј.

 - Ако разговаравте за тоа со старецот Порфириј, немате потреба од мене, бидејќи тој е сателитска телевизија во боја, а јас црно-бела.

 Така скромно одговори старецот.  А старецот Порфириј ни велеше:

 - Благодатта што ја има старецот Пајсиј е поголема од мојата, бидејќи ја заработил со труд и подвижничка пот, додека Господ на мене ми ја дал потполно бесплатно кога бев многу млад, само за да им помогнам на моите браќа.


 

Comments