Чудесни резултати од тајната молитва на Свети Порфириј!...


 


Чудесни резултати од тајната молитва на Свети Порфириј!



 Едно неделно утро, Свети Порфириј Кавсокаливит, заедно со еден стар селанец што го познаваше, одеше надолу кон црквата во едно село.

 По пат се сретнале со група млади момчиња кои оделе во спротивен правец.  Селанецот ги прашал младите:

 Каде одите момци?

 Тие му одговорија:

 Во кафеана.

 Тогаш селанецот кој беше многу строг им рече:

 Нели ви е срам, во недела сабајле наместо во Црква,вие ќе  одите во кафеана?  Дали сте Христијани?

 И се пушти врз нив ревносно проповедувајќи им на отворено...

 Младите потоа му одговориле навредливо и продолжиле по својот пат.

 Старецот молчеше.

 Селанецот, полн со радост и самозадоволство, му рекол на Старецот:

 Дали точно им кажав на децата старецу?

  А Свети Порфириј му рече:

 Не не кажа добро...

 Селанецот, кој очекувал честитка, се налутил од одговорот на Светиот... Стигнале во Црквата.  Свети Порфириј влегол во Светилиштето, а селанецот ја зазел клупата.  Не помина ни половина час и сите млади од групата влегоа во Црквата!  Селанецот задоволно ги триеше рацете.  Штом заврши Светата Литургија и Свети Порфириј излезе од Светилиштето, селанецот побрза да го пречека и му ги покажува децата, велејќи:

 Дали виде, дека им кажав точно?

 Размислија за моите зборови и дојдоа во Црквата.

 А Свети Порфириј насмеано му објасни дека дошле затоа што тој тајно се молел за нив, а не затоа што биле под влијание на зборовите на селанецот.

Comments