Карактеристиките на вистинската вера во Христа се следниве...


 

Карактеристиките на вистинската вера во Христа се следниве:


 Вистинската вера тајно го информира верникот за Божествениот карактер на неговата вера!

 Своите чекори ги насочува кон патот на вистината, тајно го води и го учи да ја создава Волјата Божја, добра, пријатна и совршена! 

Го води кон блаженство и го учи дека во љубовта што ја чувствуваме кон Бога и нашите ближни, можеме да го најдеме посакуваното Добро!

 Го исполнува верникот со вечна надеж, која е несмалена, чиста е од секаква страст и во себе ја има полнотата на среќата!

 Го исполнува срцето на верникот со топла љубов, која не се искажува со зборови, таа е неискажлива, тајна, бескрајна, чиста, света љубов, која се излева од срцето, освојува сè и победува!

Го исполнува срцето на верниците со плодовите на Светиот Дух!  Радост, мир, долготрпеливост, добрина тоа се наградите што и се дадени со нејзиното осветување од Светиот Дух!

Верата ги обезбедува даровите на Светиот Дух.  Светиот Дух со своето прелевање го осветлува умот на верникот и му дава мудрост, разумност, добра волја, знаење, вистина и свет страв Божји!

Го пресоздава човекот кој е расипан од гревовите, и му ја враќа првата убавина, неговата древна убавина!

Го осветува, го прави миризлив и го води до совршенство!

Широко ги отвора очите на својот интелект, да го види невиденото, откривајќи му тајни!

Му дава морална сила и морална храброст за да не се изгуби срцето во животните страдања. Му дава изобилство сила, храброст, решителност, дарежливост, милосрдие и цела низа христијански доблести!

Обезбедува трезвеност, чистота, интегритет и убавина на невиноста!

Тоа го издигнува верникот над законите на природата, и му дава моќ да го победи поредокот на природата!

Вистинската вера во Христа го прави верникот Божји лик и го поистоветува со Него!


 Свети Нектариј Егински 


Comments