Лесно е да се живее како „христијанин“. Но, без Христа е тешко да се живее како вистински христијанин...
Лесно е да се живее како „христијанин“. Но, без Христа е тешко да се живее како вистински христијанин.
Лесно е да се живее во негирање на својот Крст, обвинувајќи ги другите, барајќи ги виновните, простувајќи си себеси. Најтешко е слободно да го земеш Крстот, односно одговорно и со животот да Го следиш Христос, како христијанин, а не само како добар човек.
Светот е полн со „добри“ луѓе кои лесно ќе го зграпчат секој што макар и малку ќе ги изнервира. Меѓутоа, рајот нема да биде исполнет со добри луѓе туку со христијани кои Православно го живееле животот на Христовата Црква, со Православие...и тоа ги чинеше живот. Тоа ги чинеше живот и им даде вечност.
Ах, само да можев да те убедам дека на крајот вреди да го „изгубиш“ дури и својот живот за вечност. Ама овде Христос со векови не може да убеди некои луѓе... ќе те убедам ли тебе?
Но, она што ве замолувам да го направите е да размислите што е во ваш најдобар интерес. Неколку години или вечност?
Размислете малку логично што ве прашувам, да се одлучите за неуништлив, вечен, живот после животот... затоа што и логиката не само верата може да стане свет соучесник за вашето спасение.
Архимандрит Павлос Пападопулос
.jpg)
Comments
Post a Comment
Напиши коментар