Трогателен краток расказ: Божиќен цвет „Дар на Христос“
Пред многу години луѓето го славеа Божиќ со поголем ентузијазам.
Така, во едно далечно село, свештеникот секоја година правеше јасли на сред Црква, на Бадник.
Жителите најпрвин би отишле во Црквата, за да ја слушнат Божествената Литургија, би клекнале и би ја запалиле својата свеќа пред јаслите. Секоја свеќа мораше сама да се изгасне, полека да се топи, па околу јаслите имаше безброј свеќи, колку што имаше верници, а Црквата светеше и гореше како во неа да е сонцето.
Кога заврши Богослужбата, народот отиде своите куќи да ја прослават радоста на раѓањето Христово.
Селаните ги започнаа подготовките за Божиќ неколку недели претходно.
Домаќинките печеа пецива, пити и слатки, а мажите го бојадисаа селскиот плоштад, Црквата и нивните куќи.
Свештеникот со училишните деца и учителите ги издлаби во дрво јаслите, тројцата волшебници, овчарите, ѕвездата, Богородица и Христос.
Вечерта сè беше подготвено и луѓето облечени во најубавите облеку отидоа во Црквата и оставија пред јаслите подарок за Христос, кој што можеше.
И Марија, која имала шест години, секоја година одела во Црква со своите родители, носејќи ја корпата со ѓевреци што ги направила за новородениот Христос.
Меѓутоа, таа година мајка ѝ се разболела, а татко и отпатувал во еден голем град за да најде работа и да врзе крај со крај со лекови и други трошоци. Ниту една драхма не им останала да купат подарок за Христа.
Како можеше Марија да оди во Црква со празни раце?
Како што ѕвонеа, Марија срамежливо влезе во Црквата и се сокри зад еден столб. Таа не сакаше да ја гледаат со празни раце.
Останатите му се поклонија на Христа, ја запалија својата свеќа и му го понудија својот дар.
Таа клекна гледајќи во јаслите оддалеку и шепна:
- Ах, моја Богородице, оваа година нема да дојдам на Литургија. Немам што да му дадам на твоето родено дете. Мајка ми се разболе. Воопшто немаме пари. Ќе му објасниш ли на Христос зошто не му донесов подарок?
Народот почнал да пее заедно со свештеникот „Христос се роди денес“.
Очите на Марија се заматени од солзи, таа излезе од своето скривалиште и истрча кон својата куќа. Таа немаше направено три чекори кога слушна глас зад неа како прашува:
– Зошто плачеш, девојче мое, на таков среќен ден?
Тоа беше стара жена со слатко лице и очи полни добрина.
- Плачам бабо, оти не ми остана ни драхма да му купам подарок на Христос.
– Затоа ли плачеш, Марија? На Христос му е мило само да мислиш на него.
И само затоа што го сакаш. Да, погледни ја таа грмушка.
Зошто не земеш од неа и да му однесеш?
Девојчето престанало да плаче, се наведнало и почнало да бере букет од гранки.
Доволно набрало, се додека нејзините раце не можеале да држат повеќе.
– Доволни ли се овие, бабо? -ја праша старицата гледајќи зад неа, но таа исчезна.
Марија со гранките во раце чекореше храбро и со насмевка од радост влезе во Црквата. Сè светеше во светлината на свеќите. Луѓето пееја со задоволство.
Таа отиде на црвениот тепих што беше распослан пред јаслите и го положи својот подарок.
– Погледнете го ова мало девојче, - рече една жена со низок глас.
Таа му носи гранки од грмушки на Христа. И нема полошо.
Кога заврши тропарот имаше шепоти во Црквата.
– Види, погледни ги гранките на грмушките!
Марија сè уште беше на колена со скрстени раце. Слушајќи ги гласовите, таа ја подигна главата преплашена и виде дека гранките, нејзините сопствени гранки, процветаа и создадоа прекрасни црвени цветови кои личат на ѕвезди.
- Но, што се случи?
– Чудо!
– Тоа се гранчиња и тие даваат цвеќиња!
Свештеникот и народот клекнаа пред јаслите, славејќи го Христос за оваа необјасниво чудо.
Која беше старицата? Таа беше во право. Подарокот даден од срце е највредниот подарок. Кутрите гранчиња беа најважниот подарок што Христос го доби тој ден…
Оттогаш, секоја година на Божиќ овие грмушки цветаат со своите безброј црвени ѕвезди, а луѓето ги нарекуваат „Божиќни цвеќиња“.
Од тоа далечно село стигнаа до нашата татковина и светот ги нарече „Христови ѕвезди“.
Цветот се нарекува Божиќен цвет (Poinsettia)
Цвета од декември до јануари и неговото цветање трае 6-8 недели.

Comments
Post a Comment
Напиши коментар