Проучувањето на Светото Писмо ја отстранува тагата...


 

Проучувањето на Светото Писмо ја отстранува тагата



 Ливадата и градината се пријатни, но читањето на Божественото писмо е многу попријатно.

 Затоа што има цвеќиња кои венеат, но еве значења кои секогаш цветаат.

 Таму дува зефирот, а тука ветрето на Светиот Дух.

 Тој ѕид таму има трње, а тука Божјата промисла обезбедува.

 Таму пеат цикадите, а овде пеат пророците.

 Таму, задоволството е од гледањето, а тука, користа од читањето.

 Градината е на едно место, додека Светото Писмо е на сите делови на светот.

 Градината е подредена на потребите на времето, додека Светото Писмо и во зима и во лето има многу лисја и е полно со плодови.

 Затоа, да бидеме внимателни во читањето на Светото Писмо, затоа што ако внимавате на Светото Писмо, тоа ви ја искорнува тагата, ви го насадува задоволството, го негира порокот, всадува доблест, не дозволува да загинете во немирите на нештата како морнарите во бура.

 Морето беснее, но ти пловиш со мир, затоа што имаш капетан што го чита Светото Писмо, затоа што ова јаже не е скинато од испитот на околностите...


Свети Јован Златоуст, Писмо до Евтропиј II


Comments