Внимавајте како живеете. Внимавајте што правите со Божјиот лик што е во вас...


 


Внимавајте како живеете.  Внимавајте што правите со Божјиот лик што е во вас



 Човеку!  брате!


 Никогаш не заборавајте дека сте мал Бог во калта!

 Во калта на вашето тело го имате живиот лик Божји.

 Внимавајте како живеете.  Внимавајте што правите со Божјиот лик што е во вас.

 Сакам благиот Господ да му подари на срцето на секој од нас сите небесни дарови, сите евангелски доблести:

 Верата и љубовта и надежта и молитвата и постот и трпението и кроткоста и смирението, да ја издржиме сета оваа страшна земна борба, да го зачуваме Божествениот лик во нашата душа и да го пренесеме тоа од овој свет на Воскреснатиот Господ во другиот свет.


 Свети Јустин Поповиќ

Comments