Кога душата ни е осветена…тогаш молчешкум ја испраќаме нашата љубов без зборови

 Кога душата ни е осветена…тогаш молчешкум ја испраќаме нашата љубов без зборови


 Многупати се огорчуваме и му велиме на другиот: Не ли се плашиш од правдата Божја, не ли се плашиш дека ќе те казни?

Во други времиња велиме: Бог не може да те казни за тоа што го направи, или Боже, не повредувај ја оваа личност за она што ми го направи мене или не дозволувај ова да му се случи на тој и тој...

 Во сите овие случаи, длабоко во себе имаме желба да го казниме другиот.

 Но, наместо да го признаеме нашиот гнев поради неговата грешка, ние на друг начин ја изразуваме нашата огорченост и како да се каже му се молиме на Бога за него.  Така, сепак, ние всушност го проколнуваме братот.

 И ако наместо да се молиме да речеме: најди го од Бога, Господ да ти плати за злото што ми го направи, тогаш повторно се надеваме дека Бог ќе го казни.

 Дури и кога велиме: Нека види Бог. Расположението на нашата душа функционира на таинствен начин, влијае на душата на нашиот ближен и тој трпи штета.

 Значи, дали разбравте како нашите лоши мисли, нашето лошо расположение влијаат на другите?  Затоа и ние мора да најдеме начин да ги исчистиме нашите длабочините од секакво зло.

 Кога нашата душа е осветена, таа зрачи со добрина.  Тогаш тивко ја испраќаме нашата љубов без да зборуваме.

 Христос никогаш не сака зло.  Наместо тоа, тој заповеда: Благословувајте ги проколнатите.

 Свети Порфириј Кавсокаливит

Comments