Едно момчето влегло во кујната каде мајка му подготвувала храна и и го дало листот на кој напишал некои работи. Неговата мајка, откако ги исушила рацете, почнала да го чита напишаното:
За чистење на мојата соба оваа недела: 1,00 €
За одење во продавница: 0,50 €
За чување на помалиот брат додека бевте да пазарите: 0,50 €
За ѓубрето што го фрлив: 1,00 €
За добрите оценки што ги добив на училиште: 5,00 €
За дрвата што ги донесов од подрумот: 2,00 €
Ми должиш вкупно 10 евра
Мајката го погледна, зеде пенкало, ја преврте хартијата и почна да пишува:
Деветте месеци кога беше во мојот стомак додека бев бремена: без наплата..
За сите ноќи што бев будна додека ти беше болен: без наплата..
За сите тешки времиња и таги што ми ги предизвика: без надомест..
За играчки, храна, облека: бесплатно..
За времето што го поминав шетајќи во паркот: бесплатно..
За помош во читање: бесплатно..
Ако ги собереш, цената на мојата љубов е нула!!
Кога детето го прочитало онаа што напишала неговата мајка, солзи му потекоа од очите, зеде пенкало и на хартијата со големи букви напиша: Платено во целост.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар