Вистинскиот мир доаѓа кога човекот ќе се ослободи од страстите.
Друг начин нема. Дотогаш му треба одлучност и стабилност во борбата. Ниту една духовна состојба не доаѓа од безделничење или бесмислени филозофски определби. Без подвижничкиот живот, светотаинскиот живот и секојдневното молитвено расположение, никој не е духовно напреден. Бог е насекаде, но Неговата милост живее во едноставни, чисти, понизни, љубовни, молитвени, покајнички срца. Дали сакате да најдете мир? Треба да го најдете Бога, да се помирите со Бога и да му се предадете на Бога.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар