Христос е Единствениот Учител...


 




Христос е Единствениот Учител



Блажен е оној човек кој не сака да биде учител или водач.

Три небесни дарови го придружуваат таков човек: првиот се нарекува мир, вториот се нарекува мудрост, а третиот се нарекува среќа.

Господ им рекол на Своите ученици: Наставници немојте да се именувате зашто, еден е вашиот Наставник – Христос (Матеј 23, 10).

Вие, кои постојано го проучувате Светото Писмо, можеби ќе се најдете во забуна да ја примите горната јасна заповед со следната: Одете и проповедајте и поучете ги сите народи (Матеј 28,19).

Господ ги испраќа Своите ученици да поучуваат, но им забранува да се нарекуваат учители. Како може да се случи ова; Навистина, би било тешко да се разбере, ако на крајот не рече: Зашто меѓу вас е учителот Христос.

Тоа значи: Јас сум Учител и учењето е мое. Јас сум единствениот вистински Учител, а вие сте само носители на Моето учење. Јас го донесов Моето учење од небото и ви го открив. Не го откривте, но го слушнавте од Мене и го прифативте. Јас сум Господарот.

Ваша задача е да ги научите моите зборови на луѓето додека ги принесувавте тие пет леба, кои јас ги благословив и умножив. Тогаш јас бев Домаќин, а вие слугите околу мојата маса. Сега ви велам дека јас сум Господарот, а вие сте слуги на Божественото слово.

Со овие зборови Господ најнапред сакал да го привлече вниманието на Своите ученици, дека само Тој е Учител на спасоносното и небесното учење. Второ, да ги заштити Неговите ученици од гордоста, зашто од тоа самонаречените учители не можат да бидат заштитени, бидејќи мислат дека имаат свое првобитно учење.

Трето, Неговите ученици, сфаќајќи дека тие се само носители на Неговото учење, сфатија дека треба да бидат многу внимателни. Тие требаше да го испорачаат Неговото учење точно како што беше поучено, без собирање и без одземање.

Светите Апостоли беа целосно свесни за нивната поучна мисија. Поради оваа причина, Апостол Јаков ги предупредува крстените христијани:

Браќа мои, немојте сите да станете учители, бидејќи мора да знаете дека учителите ќе бидат построго судени. Сите ние правиме многу грешки.Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го обузда и целото тело (Јаков 3, 2) . Лагите на лажните учители предизвикаа големо крвопролевање во светот. Затоа Свети Павле ги предупредува сите христијани со следново: Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа

(Кол. 2, 8 ). Кои постојано учат и никогаш не можат да го достигнат совршеното познавање на вистината (Тим. II, 3, 7) .Оти ќе дојде време, кога луѓето нема да го слушаат здравото учење, но водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се обрнат кон бајки (2. Тим. 4, 3-4) .

Овие зборови денеска можеше да ги повтори Апостол Павле во Европа. Со истите зборови би ја опишал и денес болеста на белата раса. Тоа е точно истата болест што постоела пред две илјади години: иста болест, ист опис, ист рецепт и ист лек.

Има ли некој друг во светот, освен Апостол Павле, кој би можел да ви објасни која е причината за Втората светска војна? Никој, навистина никој.

Безброј такви учители се појавија меѓу таканаречените „цивилизирани“ народи во дваесеттиот век. Тие го избркаа вистинскиот учител, Христос.

Секој ден зборуваа од утро до вечер, од вечер до утро, а секој нивен збор беше лага, мамка, за да го одведе човекот до уништување.

Тие читаа бескрајно, но никако не можеа да дојдат до вистината. Непрестајно ги поучувале другите, но никој од нивните ученици не можел да ја достигне вистината.

Меѓутоа, во суштина, христијанските народи од една страна се бореле за единствената и спасителна вистина Христова, а од друга повеќепати ја барале вистината.

Но, вистината не се наоѓаше во учењето на лажните учители, туку во едноставните куќи на рибарите и во селските колиби. Вистината се криела во местата каде што живееле подвижниците, во ќелиите на благочестивите луѓе и во пустините каде што живееле монасите. Целата вистина беше скриена во еден единствен збор, во Христа.

Смрдеата на погрешни филозофии и лажни учења го отруја воздухот на Запад. Почнаа да го трујат и воздухот на Истокот. Народите на Истокот, кои не Го познаваа Бога, се плашеа од крстените народи.

Праведниците почнаа да тагуваат, а небеските ангели многу се налутија, така што целата земја се затресе, а сите народи беа погодени од огнена бура, заради нивно очистување.

Да се ​​надеваме дека низ оваа огнена бура луѓето ќе се покаат, смрдеата ќе се исчисти и рајот ќе се соедини со земјата.


 Амин


Свети Николај Велимировиќ 


Comments