И кога дојде Он во храмот и поучуваше, пристапија кон Него првосвештениците и старешините народни и рекоа: „Со каква власт го вршиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?(Мт. 21, 23).
Зошто му поставиле такво прашање на Господ Исус Христос? И сигурно е дека гневно го прашале. „Како се осмелувате да ги учите луѓето? Кој ти го дозволи, кој ти го даде ова право? Само ние имаме овластување да ги учиме луѓето.
Никој друг не можеше да го даде одговорот што им го даде Господ Исус Христос. Кога некој би бил на негово место, кој нема овластување да поучува, би се изгубил пред првосвештениците и старешините и првото нешто што би се обидел да го направи би било да се оправда. Христос не им одговори директно. Им даде одговор кој не го очекуваа. Наместо да се оправдува и да им изнесува аргументи кои би го оправдале неговиот авторитет да го подучува народот, тој ги контролира и ги принудува да признаат дека не се во право во тоа што го кажуваат.
Тој им рече: И Јас ќе ве прашам нешто. Па, ако Ми одговорите, и Јас ќе ви кажам, со каква власт го вршам тоа.
Крштавањето Јованово од каде беше: од небото или од луѓето?” А тие размислуваа помеѓу себе и велеа: „Ако кажеме -,Од небото«, ќе ни рече: »Па зошто не му поверувавте?«
А ако речеме: – »Од луѓето«, се боиме од народот, оти сите го сметаа за пророк.”
И, одговарајќи Му на Исуса, рекоа: „Не знаеме.” А Он им рече: „Ни Јас не ви кажувам со каква власт го вршам тоа (Мт. 21, 24-27).
Со овој одговор Господ ги доведе во ќорсокак. Тој ги принуди пред сите да го откријат своети предавство и нечистотија. И бидејќи сите го виделе нивното лицемерие и лукавство, како се осмелуваат да Го прашаат со која власт го прави тоа? Затоа само Му рекоа: „ Не знаеме “.
Знаеја, знаеја многу добро, но не сакаа да одговорат. Тие знаеле дека Јовановото крштевање е од Бога. Сите обични луѓе, луѓе со чисто срце, верувале дека Јовановото крштевање е од Бога. Народот со внимание и со почит ја слушаше проповедта на покајанието. Невозможно е првосвештениците и старешините на народот да не разберат дека Јован е голем пророк и гласник Божји. Некои од нив отидоа кај Јован и го примија неговото крштевање, но такви беа малку. Повеќето од нив не го прифатија бидејќи ја имаа предвид следната помисла: Дали е можно ние, духовните водачи на народот, да одиме кај Јован? Како ќе го примиме неговото крштевање? Како да се покаеме пред сиот народ? Тоа ќе ни наштети на угледот. Народот не смета за големи духовни водачи,
Овие луѓе беа во заблуда, не сакаа да ја признаат вистината, не сакаа да тргнат по патот на правдата бидејќи тоа нема да им служи на нивните интереси. Како да му го дадат својот примат на Јован или на Исус? Нивните срца не можеа да се одморат, тие го гледаа Христа, Неговата проповед и беа љубоморни на Него. Ја видоа моќта на Неговото слово, видоа дека народот го следи и тоа ги исплаши. Ако го следат Христос, тогаш тоа значи дека го претпочитаат Него. Затоа го мразеа и Му создаваа пречки…
Така тоа беа првосвештениците, книжниците и фарисеите. Но, меѓу нас има многу такви луѓе. Секогаш имало доволно такви во сите времиња и меѓу сите народи. Многупати не сакаме да ја признаеме вистината, која е очигледна и ја разбираме длабоко во нашите срца. Ние се бунтуваме против вистината, таа не кочи затоа што патот по кој одиме не е патот на правдата. Ние сами си ги поставуваме целите што сакаме да ги постигнеме во нашите животи. И овие цели се далеку од вистинските кои се светост и правда . Така, патот по кој чекориме е во согласност со нашите цели. Затоа, кога ќе ја видиме светлината на вистината како свети пред нас, прво се губиме себеси, потоа почнуваме да ја мразиме вистината, да ја гнасиме и на крајот да се бориме со неа.
Ги прифаќаме само оние учења кои ја хранат нашата себичност и ни помагаат да го следиме нашиот сопствен пат, патот на гревот. Се бориме со сè што се спротивставува на нашите цели, сè што ја проверува бесмисленоста на нашиот погрешен пат. Ние се бориме против вистината затоа што ги следиме учењата што самите сме ги создале или што сме ги слушнале од другите. Оние кои се во согласност со нашата желба, да живееме добро во овој живот.
Она што се согласува со нашите цели и патот што го избравме, го сметаме за вистинито. Ние го прифаќаме безрезервно и го ставаме како аргумент за одбрана на сопствените верувања и погрешните учења кои ги следиме, а кои не се согласуваат со она што Христос го поучувал и кои во длабочините на нашите срца знаеме дека не се точни. И кога ја слушаме Христовата проповед, покренуваме што повеќе приговори. Тоа што го кажуваме можеби не е точно, но тоа не не спречува.
Дали некој од нас, кога би бил на позицијата на првосвештениците и старешините на народот, би го направил тоа што го направиле и би одговорил на Господовото прашање: „Не знам“? Може. Но, тој можеше да направи нешто полошо – наместо да ја признае вистината, тој почна да ја искривува, лаже и хули. Тоа е она што често го наоѓаме кај луѓето кои се одрекнале од Христа и одат по својот пат.
Нека Господ нè заштити од тоа, да не станеме како книжниците и фарисеите. Помогни ни секогаш да го следиме патот на правдата во светлината на Христос.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар