Постот на Светите Апостоли...


 




   


Постот на Светите Апостоли


Постот на светите апостоли (Петар и Павле) нема одредено времетраење, бидејќи неговиот почеток зависи од движниот празник Велигден.

Почнува од понеделник по недела на сите свети и завршува на 12јули, односно во пресрет на празникот на Светите Апостоли Петар и Павле. Во овој период постиме од месо и млечни производи, рибата е дозволена секој ден освен среда и петок.

Тие ја споменуваат вредноста и важноста на постот:


 Свети Козма Етолски:


И ние, моите браќа, благочестивите христијани, мораме секогаш да постиме, но повеќе во среда, затоа што Господ беше предаден, и во петокот, затоа што беше распнат. Слично, ние имаме должност да постиме и на другите денови, како што Светиот Дух ги просветли Светите Отци на нашата Црква и ни напишаа да постиме, да ги ублажуваме страстите, да го смириме телото.


 Свети Василиј Велики:


Но, не го ограничувајте доброто на постот само на воздржување од храна. Затоа што вистинскиот пост е само да не правиш ништо лошо. Да се ​​ослободи секоја врска на неправда. Прости му на својот ближен за злото што ти го направил и заборавај што ти должи.

Нека вашиот пост биде чист од судски дејствија и судири. Месо не јадеш, туку брат ти го голташ. Постите од вино, но распнети сте во беззаконието. Чекаш да дојде вечерта за да јадеш, но цел ден го поминуваш на суд. Тешко на оние кои не се опиваат со вино, туку со беззаконија.


Михалис Спиру, теолог




Comments