Декалогот на Православните сопружници...


 



Декалогот на Православните сопружници



Љубовта живее со хармонијата на спротивностите и простувањето Декалогот на Православните сопружници.


1)  Не го правете вашиот партнер учителот.  Најдобар начин да го научите е да го сакате како себеси, да го почитувате и да ја живеете Православната вера искуствено.


2) Бракот е постојана, но убава авантура,  која ни помага да го откриеме нашето вистинско јас, духовниот свет на нашиот партнер и со смирение да го запознаеме Бога во нашата домашна црква.


3) Да го прифатиме партнерот таков каков што е,  со неговите слабости и каприци, а не како што сакавме да биде. Семејството е школа, школа на души и рајска преткомора за богобојазливите.


4)  Обидете се да го разберете вашиот сопружник.  Не заборавајте дека мажот размислува со тесна логика, додека жената со срце и работи со емоции.


5)  Не обидувајте се да го наметнувате вашето мислење и да го исправите партнерот.  Подобро погрижете се да се поправите. Љубовта живее во хармонија на спротивности и простување. Не се лутете и не се расправајте меѓу себе.


6) Со вера, трпение и љубов,  победнички да се соочуваат со сите тешкотии на временскиот живот.


7)  Најголемиот непријател на брачниот живот е себичноста и гревот.  Нападот на нашето ЕГО и нашиот беззаконски живот не не спасува.


8) Најдобар пример за нашите деца е таткото да ја сака мајкат, а мајката таткото и да ги гледат како се молат и одат заедно во црква.


9) Тајната на семејниот мир е да можеш да простуваш да сакаш да почитуваш и исповедаш на духовникот.


10)  Бракот е „Голема Тајна“, која започнува во Црквата и се обновува со Исповедта, Божествената Литургија и другите тајни на нашата жива Православна вера.


Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно! (Матеј 3:2).

Како настанал овој свет? Навистина, како настанал овој свет? Гревот е причината. Сè е напишано во Светото Писмо и навистина во секој детал. После сето ова „што ќе не спаси? Само покајание.


Од возљубен старец Светогорски монах. ЛА


Comments