Секогаш кога непријателите на доброто, непријателите Божји, му поставувале стапица на Христа, тие самите паѓале во неа...


 


Секогаш кога непријателите на доброто, непријателите Божји, му поставувале стапица на Христа, тие самите паѓале во неа


 Кој сака да го срами Бога, се срами себеси и му дава можност на Бога уште повеќе да се прослави.

 Оној што постапува така што ги понижува праведниците, на крајот се понижува себеси и ги возвишува праведниците.

 Кој ќе стави камен на патот на праведникот, самиот се сопнува над него и го принудува праведникот да оди нагоре каде што појасно се гледа патот на праведниците.

 Многупати, сè што доаѓа од Бога, во овој живот, изгледа слабо, но на крајот е посилно од ѕвездите и од огромните океани.

 Обрнете внимание и научете од следните случаи кога тие беа еден против друг и внимавајте на лекцијата што ја даваат: Мојсеј и фараонот, Давид и Голијат, Јов и сатаната, Ерусалим и Вавилон, Даниел и Дариј, Апостолите и Рим.  Ако можеш да ги разбереш лекциите што Бог ги дал во овие јасни примери, ќе извикаш од радост со Давид: Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме (Псал.19, 7).

 Секогаш кога непријателите на доброто, непријателите Божји, му поставувале стапица на Христа, самите паѓале во неа.  Кога Го омаловажуваа и самите беа омаловажувани, кога сакаа да му ја затворат устата, самите молчеа.  Навистина, што и да правеа за Неговиот срам, на крајот го правеа за Негова слава и свој срам.  Така беше тогаш и така е денес.


 Свети Николај Велимировиќ


Comments