Самоубиство, богохулење против Светиот Дух...


 




Самоубиство, богохулење против Светиот Дух



Друго богохулење против Светиот Дух е омразата кон животот и одземањето на животот од себе.

Светиот Дух се нарекува и покровител на животот, давател на животот. Така, кога човек добива живот од Светиот Дух, но не знае од каде го добил овој дар и не Му благодари на Бога, може да му се прости.

Дури и некој кој знае од каде го добил овој скапоцен подарок, а сепак не му благодари на Бога, може да му се прости. Но, кога некој добива живот од Светиот Дух и со презир го фрла, нема да му биде простено.

За да го разбереме ова, прво мора да разбереме што значи простување. Да му простиш на грешникот значи да го вратиш во целосен живот. Но, кога некој не сака живот, а уште помалку го мрази и го одбива, Бог нема што друго да му даде.

Затоа го брише од книгата на животот.

Молете се на Бога да ве спаси вас и вашите најблиски од непростливи гревови и да го спречи безумниот бунт на созданието против неговиот Создател.


Од Бога здравје и милост


Свети Николај Велимировиќ 


Comments