Од две причини, денес, браковите пропаѓаат: Прво, затоа што не се сите за брак и второ, затоа што Бог не бил „прашан“ дали тој или таа, со која некој сака да се ожени, е вистинската личност. Само Бог знае кој е Адам, а кој е Ева на секого. Гледате парови кои живееле заедно десет години и штотуку се венчале, за десет дена раскинуваат... Како причина за разводот се наведува некомпатибилноста на карактерот... Па, во овие десет години што се заедно, не ли го сфатиле несовпаѓањето а сега го сфатиле за десет дена? Меѓутоа, по десет години заеднички живот, ѓаволот ги „ожнеал“ и кога биле крунисани со Божји благослов, тогаш... недоследноста на карактерот... Зошто; Зашто, Бог не бил „прашан“ од парот, дали се Адам и Ева еден за друг. Вака се објаснуваат многуте руини на свадби...!!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар