За едно се молам, не плашете се од облаците што дојдоа...


 



 За едно се молам, не плашете се од облаците што дојдоа...



Крстот  Христов е таа тврдина, на која се раствораат сите бранови на расудување. 

Христос, распнат за љубовта кон светот и за гревовите на светот, е мојата последна љубов, последното искачување на мојот ум, најголемата храброст на моето срце, единствениот вистински Бог.

Бог не ветува радост, туку мака. Тој нè повикува да страдаме за Неговото име, затоа што на тој начин ќе ја доживееме и Неговата слава.

Христос помина низ страдања, затоа што ги чуваше заповедите на Својот Отец и така дојде во судир со светот. Истото мора да се случи и со човекот кој е повикан од Христос да го живее Неговиот живот.

Нашето спасение  во сите погледи е напред. Кога тагите на мојата душа, кои постојано се зголемуваа, ја достигнаа, изгледа, висината, тогаш со животот и длабоко чувство на срцето ја  знаев вредноста на човечката душа, односно таа е поскапоцена од цел свет.

Страдањата даваат толку голем плод што, да бевме малку помудри, не би сакале да слеземе од Крстот.

 На еден јеромонах Господ му се јави во сон прицврстен на Крстот и му рече:  Од Крстот не слегуваат, туку се симнуваат. И Господ ги повтори овие зборови три пати. Тогаш визијата избледе.

Би ти кажал нешто повеќе, но се плашам дека може да го надминам твоето животно искуство. За една работа се молам, не плашете се од облаците што дојдоа…

Фала му на Бога за сè!

Ќе издржиме.

Таков ни е патот.

Но, никогаш не треба да очајувате..

Понекогаш тоа е тешко, со што човекот е подготвен да се откаже од вечниот живот, доколку тој се добие на таков начин. Тогаш, кога ќе помине овој облак, тогаш на посебен начин грее сонцето и човекот се радува, бидејќи живеел низ таги: Ние се радувавме на цветовите на тие денови, што се понизивме со години, што видовме зло.


Свети Софрониј Сахаров 


Comments