Видов мајка...


 

Видов мајка



Видов мајка како го гледа своето дете кое за прв пат одеше.

Нејзиното лице блескаше, очите ѝ се наполнија со солзи, рацете ѝ беа исполнети со благодарност.

Се восхитував на нејзината љубов, се восхитував на нејзината врска со нејзиното дете…

Видов мајка како го гледа своето дете како го Распнуваат не по своја вина.

Неговото тело полно со рани е заковано на Крст. Некои го пцујат,

други го исмејуваат, други се коцкаат со неговата облека...

А лицето на оваа мајка остана мирно, очите и се наполнија со солзи,

но устата не се отвори, не

се слушна ни плач ни жалење...

нејзиното срце се исполни со прошка кога го прими мртвото дете во раце.

Се восхитував на оваа мајка, не затоа што не врескаше од болка, туку затоа што својата болка ја претвори во љубов...

и од мајка на Богочовекот стана Мајка на сите нас....


Comments