Човекот не сака да оди кај Бога затоа што не сака да се понизи...
Коренот на секое зло е гордоста. Човекот не сака да оди кај Бога, затоа што не сака да се понизи, да се покорува, не сака Бог да царува во него. Сака самиот да биде доминантен.
Ова е измама на ѓаволот, која тој ја предложил дури и на првородените да го заземат местото на Бога. И ние паѓаме во оваа грешка. На првородените им дал помисла дека Бог е злобен и затоа не ги остава да јадат од дрвото, ги убедил дека ако јадат ќе го заземат местото на Бога. Го наклеветил Бога и тие паднале во стапицата.
Злобниот и денес нè тера да размислуваме за свештениците дека тие се зли и го прават тоа што ни велат да го направиме за да ги добијат нашите пари. Тоа е токму истата „верзија“ на злото. Тој нè доведува во заблуда со тоа што ни кажува да го правиме она што го прават многумина, да држиме нешто на работ... Така нè наведува да веруваме дека ние сме господари, а не Бог и следствено мораме да ги земеме нашите животи во свои раце, без ние да слушнеме што велат свештениците и Црквата. Ова е токму нашето богохулење, нашата гордост. Не го прифаќаме нашиот Господ и Бог како господар да владее во нашите животи. Така стануваме независни и го оставаме Бога.
Напротив, едноставниот, смирен човек размислува како дете и му се покорува на својот духовник. Сè уште може да биде неписмен и да има умствена молитва, искуство Божјо и да чувствува дека не е ништо. Може да дојде до точка да прави чуда, додека другите образовани не прават ништо...
....Барем да го препознаеме нашиот недостиг на вера и да побараме помош од Господа.Мораме секој момент да ја обновуваме нашата вера. Ние мора да ја потврдиме нашата волја Бог да владее во нашите животи. Секој момент има противтежна сила на злите, на светот, злобниот кој ни се заканува, дека ќе не врати назад. Затоа Христос ни зборуваше за будноста и молитвата, а не само за молитвата. Можете да се молите и да го правите тоа механички. Тогаш не правиш ништо. Мора да разбереш што зборуваш и да го кажеш со љубов, да направиш срце во молитва, да го кажуваш со болка, да го чувствуваш, да го кажуваш со копнеж, едноставно, но молејќи се, од срце.
Извадок од снимен говор на Архимандрит Отец Савва Светогорец
Comments
Post a Comment
Напиши коментар