Ако љубовта преовладуваше насекаде, колку поинаков ќе беше нашиот свет! Човекот што љуби, живее на земјата како што би живеел на небото, со ненарушен мир и среќа, со душа чиста од завист, љубомора, гнев, гордост, зла желба... Ете, човекот на љубовта е земен ангел! Самата љубов, колку е убава! Со колку радост и мир ја преплавува душата што ја поседува!
Можеби ќе ме прашате: Зарем секоја љубов, дури и да е непримерна, не носи задоволство?
Само... вистинската љубов носи чиста и неизвалкана радост. А вистинската љубов не е световната која е прилично злобна, туку христијанската, духовната, онаа што Павле ја бара од нас, онаа што цели кон интересот на ближниот. Оваа љубов ја имал Апостолот, кој рекол: Кој ослаби, и јас да не ослабам? Кој се соблазни, и јас да не се распалам? (2. Кор. 11, 29).
Ништо не го лути Бога толку колку нашата рамнодушност кон ближниот, затоа што љубовта природно води кон грижа за ближниот.Љубовта, значи, е патот на спасението. Да го следиме овој пат за да го наследиме вечниот живот.
Љубов, дарител на пророштво, Љубов, блескаво сонце.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар