Дали е лошо да се има недоверба дури и во верата, со цел да се најде вистина?
Дали е лошо да се има недоверба дури и во верата, со цел да се најде вистина? Може ли да го преиспитам Бог за конечно да ми се „открие“? Дали ова не е правилна тактика?
Добрите и скромните трагачи по Вистината не треба да се изгубат во темнината.
Божјата Промисла ќе им даде доволно можности да ја најдат Светлината и да се спасат.
Меѓутоа, не е добро да се има недоверба намерно, за да се прифати некаква Божја пројава, особено за прашања од верата што се вградени во животот на нашата Православна Црква, бидејќи на тој начин ја ставаме на тест љубовта Божја.
Да се потсетиме како Господ одговори на Неговото второ искушение во пустината: Не искушувај Го Господа, твојот Бог (Матеј 4:7). Со таквата тактика ризикуваме да бидеме заведени од „манифестации“ на злите.
За нас кои го знаеме големото чудо на Црквата пред 2000 години и го поседуваме Светото Писмо, не е потребно да бараме друго чудо.
Според уверувањето на праведниот Авраам во Параболата за богатиот и сиромавиот Лазар: нема да ги слушаат Мојсеј и пророците, ниту ќе се уверат ако тој воскресне од мртвите (Лк. 16- 31).
Но, можеме безбедно да ги проучуваме поединечните теми, да ги прашаме старците и што е најважно, да се молиме и да ги очистиме нашите души. И тогаш, порано или подоцна, Вистината ќе се открие во нашите срца.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар