Зошто Христос дојде во светот? Самиот Христос ни одговара триесет пати, преку Своите Евангелија
1. Дојдов да го спасам светот! (Јован 12:47).
2 Дојдов во името на мојот Татко! (Јован 5:43).
3. Дојдов да сведочам за вистината! (Јован 18:37).
4. Дојдов затоа што Бог ме испрати! (Јован 7:28-29).
5. Дојдов да ги уништам делата на ѓаволот! (1. Јован 3:8).
6. Дојдов да ги повикам грешниците на покајание! (Лука 5:32).
7. Дојдов да ги осветлам делата на луѓето, за да се видат дека се зли! (Јован 3:19).
8. Дојдов да се жртвувам на местото на народот! ( 1. Кор. 5:7).
9. Дојдов да бидам казнет за гревовите на луѓето од целиот свет! (Исаија 53:5).
10. Дојдов да ги ослободам луѓето кои се заробени во ѓаволскатамрежа! (2. Тимотеј 2:25-26).
11. Дојдов да им дадам мудрост на луѓето, да го запознаат вистинскиот Бог! (1. Јованово 5:20).
12. Дојдов да им служам на луѓето! (Матеј 20:28).
13. Дојдов да го дадам својот живот како откупнина за луѓето, да ги откупам од моќта на ѓаволот! (Матеј 20:28).
14. Дојдов да ги оживеам духовно мртвите луѓе! (Ефесјаните 2:1, Јован 5:40).
15. Дојдов да го вратам човекот кај Бога! (Ефесјаните 2:19).
16. Дојдов да ги одморам уморните души! (Матеј 11:28).
17. Дојдов за да не загинат оние што веруваат во мене! (Јован 3:15-16).
18. Дојдов да им дадам вечен живот на оние што веруваат во мене! (Јован 3:16, 36, 6:40, 47).
19. Дојдов да ги спасам од Божјиот гнев, оние што ќе ми веруваат! (Јован 3:36).
20. Дојдов да ги напојам жедните души! (Јован 4:14).
21. Дојдов да ги спасам луѓето од Божјиот суд! (Јован 5:24).
22. Дојдов да ги спасам луѓето од вечната духовна смрт! (Јован 5:24).
23. Дојдов да дадам духовна храна за вечен живот! (Јован 6:27).
24. Дојдов за да бидат духовно задоволни оние што веруваат во мене! (Јован 6:35).
25. Дојдов да го дадам своето тело за животот на луѓето! (Јован 6:51).
26. Дојдов со моите зборови да ги оживеам духовно мртви луѓе! (Јован 6:63).
27. Дојдов да им дадам вечен живот на луѓето, за да не загинат! (Јован 10:28).
28. Дојдов по заповед на мојот Татко, да им дадам вечен живот на луѓето кои ќе веруваат во Мене! (Јован 12:50, 17:2).
29. Дојдов да им помогнам на луѓето кои ќе ми веруваат, да го спознаат единствениот вистински Бог! (Јован 17:3).
30. Дојдов во светот, како помазан Син Божји! (Јован 20:31).

Comments
Post a Comment
Напиши коментар