Како што телесните родители имаат посебна природна љубов кон своите деца....
Како што телесните родители имаат посебна природна љубов кон своите деца, така и умот има природна врска со своите помисли.
И како што оние родители кои патолошки ги сакаат своите деца ги сметаат за најспособни и најубави, дури и да се најсмешни од сите, така и за безумниот ум неговите помисли, дури и да се најлоши од сите му изгледаат многу разумно.
На мудриот, пак, неговите помисли не му изгледаат вака, напротив, кога мисли дека се објективни и добри, тогаш пред се не верува во неговото расудување, туку става други мудреци да ги судат неговите помисли и ќе си помисли: трчам залудо или, пак, залудо сум трчал (Гал. 2, 2), и од нив се потврдува.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар