Каде се душите на праведните?...


 


Каде се душите на праведните?  


Душите на праведниците се во рацете Божји: Душите на праведниците се во рацете Божји, и никаква мака нема да ги допре.


Никој не може да ги грабне од Неговите раце, според зборовите Господови: И Јас им давам вечен живот и никогаш нема да загинат; ниту некој ќе ги грабне од раката Моја. Мојот Отец, Кој Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец.


Ова се случува без разлика дали се во телото или надвор од него: зашто живееме ли, за Господа живееме; умираме ли, за Господа умираме; живееме ли, умираме ли, Господови сме.


Сепак, никој не треба да го остава своето спасение за по смртта, зашто вели: Во време на благопријатно слушање, те послушав и во ден на спасение ти помогнав. Ете, сега е благопријатното време, ете, сега е денот на спасението. 


Црквата, со своите Тајни, ги обезбедува сите средства за ова. А особено за Светата Причест, Свештеникот вели: Дојдете со страв Божји, вера и љубов.  

Comments