Кога некој ќе каже: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, знаете ли што прави? Тој произведува енергија, ја произведува Благодатта на Светиот Дух и ја става во акција. Тој наредува овој оган на Божествената Благодат, на целата земја, да дејствува. И како дејствува? Ги радува ангелите, но ги растажува и разгорува демоните. Тоа е дополнителен пекол за демоните.
Со секое „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како да експлодира атомска бомба во срцето на ѓаволот (поради што тој враќа оган) и тоа ќе се слуша за вечноста, не затоа што ја имаме Благодатта, туку затоа што името на Исус Христос има самопостоечка енергија и Благодат и има толку моќ колку што има и суштински дејствува Неговото Божество.
Comments
Post a Comment
Напиши коментар