Чедо мое!





 Дозволив да бидеш предаден од најблиските, за да разбереш колку е болно за Мене кога Ме предаваш секој пат.


Дозволив сите твои најсилни приврзаности да ти бидат одземени малку по малку, за да научиш да ги поврзуваш своите мисли само со Мене.

Постепено ги уништував твоите човечки авторитети еден по еден, за да разбереш дека само Јас Сам никогаш не грешам и не те предавам.

Дозволив твоите најблиски да бидат далеку во тие моменти кога ти беше тешко, за да дојдеш, барем од очај, кај Мене и Јас Самиот да ги излекувам твоите духовни рани. Бидејќи никој не може да го направи тоа подобро од Мене.

Дозволив оној во кого се надеваше дека ќе најдеш утеха рамнодушно да не го крене телефонот кога се јавуваше во солзи од очај, за да разбереш колку е болно за Мене кога те повикувам со години, а ти не сакаш да одговориш на Мојот повик.

Ти ги отворив очите  дека понекогаш најблиските претпочитаат да се грижат за своите интереси отколку да комуницираат со тебе. Сега разбираш како се чувствувам кога чекам да разговарам со тебе во молитва и читање на Светото писмо, а ти си зафатен со твојот телефон, компјутер, телевизор, пријатели.

Понекогаш ти дозволував да ги постигнеш своите цели, а ти остануваше исто толку уништен, па дури и повеќе отколку на патот кон нив. За да разбереш дека Јас најдобро знам што ќе биде вистинска среќа за тебе и конечно да Ми веруваш..

Кога ќе го разбереш сето ова и ќе се свртиш кон Мене, ќе организирам голема гозба со сите небесни, бидејќи оној за кого го дадов Мојот живот, односно ти, конечно ми ја возврати љубовта.. Секогаш бев таму, но сега ќе го знаеш ова и дури ќе го чуеш Мојот глас како нежно зборува во твоето срце.. Ќе ти го покажам големото и недостапното, кое не го знаеш..

Ќе го средам твојот пат и ќе те водам кон вистинска вечна среќа.

Ќе ти дадам такви пријатели, чии карактеристики ги бараше кај сите твои стари познаници, но никогаш не ги најде.. Ќе ти дадам такви цели, чиешто достигнување ќе те направи Нова Личност. Ќе ти дадам доверба во иднината. Ќе станеш храбар како лав, бидејќи Јас Самиот секогаш ќе бидам зад твојот грб. Ќе можеш да ги утешиш и поддржиш другите, бидејќи Мојата љубов и Мојата утеха ќе те преплават и ќе избувнат. Дозволи ми да го направам ова за тебе.. Те чекав толку долго..

Твојот Спасител

Comments