„Рецептот“ на Свети Пајсиј за спасение на сите

4 часа со Св.пајсиј

Од книгата „Четири часа со отец Пајсиј“


 „Рецептот“ на Старецот за спасение на сите измачени и оптоварени беше едноставен и јасен:

-Побарајте спасоносна линија близу до Бога.

-Ограничете ги вашите материјални потреби, бидејќи тие создаваат огромни оптоварувања и стрес.

-Не им завидувајте на луѓето што имаат пари, удобности, слава и моќ, туку на оние што живеат со доблест, разум и побожност.

-Не барајте од Бога работи што го поддржуваат само вашето тело, туку, пред сè, она што е добро и корисно за вашата душа.

-Промени го својот живот, откриј ја смислата на животот, збогати го времето што си го изгубил на твојот пат на земјата досега.

-Не верувајте во мислењата на световните луѓе.

-Бидете излечени од болестите што доминираат во животите на луѓето кои не научиле да постат, да се воздржуваат, да се молат, да се надеваат.

-Не очајувајте. Бог е сеприсутен и го сака човекот.

-Прекини ги сите врски со злото, живеј слободно, според волјата Господова.

-Докажи ја својата вера со дела на љубов кон ближниот.

-Одлучи, што сакаш повеќе: сочувството на светот или враќањето кон Бога?

-Речиси сите проблеми почнуваат од устата (од тоа како зборувате) и од тоа колку зависите од вашите страсти.

-Сакај ја својата жена повеќе од себеси. Со дела, а не со зборови. И никогаш не зборувај лошо за неа, бидејќи понекогаш јазикот ја убива и уништува љубовта.

Исто така, бидете внимателни, бидејќи некои родители премногу ги разгалуваат своите деца и прават сè што можат за да им угодат. А кога премногу го разгалувате детето, тоа ќе стане себично и ќе залута.

Многу родители се повеќе загрижени за давање материјални работи на своите деца. Ова е погрешно. Телото има многу материјални желби, но краток живот. Душата има продолжение, поинаков тек. Душата не завршува во прав, туку во Бога. Секој денес е загрижен за своето тело, а не за потребите на својата душа.

-Кои се потребите на душата?

-Па, како да ти кажам? Потребите на душата се различни. А радостите на душата се различни од радостите на телото. Лесно можеш да го задоволиш телото, но не и душата. Ако имаш пари и влезеш во голема продавница, телото е задоволено. Но, што можеш да најдеш во, како се нарекуваат овие големи продавници, да, супермаркет, за твојата душа?

На душата ѝ се потребни други работи. На душата ѝ се потребни мир, тишина, заедништво со Бога. За да се одржи телото, потребни се сребро и земен леб. За да се одржи душата, ѝ се потребни божествени таленти, небесниот Леб.“



Comments