Го замолив Бога...

 


Го замолив Бога да ги отстрани моите лоши навики.
Бог рече НЕ.
Јас нема да го направам ова. Мора да се откажеш од нив!

Го замолив Бога да ми даде трпение.
Бог рече НЕ.
Трпението е резултат на искушенија.
Тоа не се дава, туку се учи!

Го замолив Бога да ми даде среќа.
Бог рече НЕ.
Јас ти давам благослови.
Среќата е твоја работа!

Го замолив Бога да ми ја отстрани болката.
Бог рече НЕ.
Тагите те оддалечуваат од световните грижи и те приближуваат до мене!

Го замолив Бога духовно да ме порасне.
Бог рече НЕ.
Мора сам да растеш.
Ќе те кастрам за да те направам плоден.

Го замолив Бога да ми даде сè што ми треба за да уживам во животот.
Бог рече НЕ.
Ќе ти дадам живот за да можеш да уживаш во сè.

Го замолив Бога да ми помогне да ги сакам другите како што Тој ме сака мене.
Бог рече: конечно разбираш…!


✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“

Comments