Неделата на тишината
Во еден манастир, пред Цветници, еден млад монах го прашал старецот:
Старче, Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. зошто велат дека оваа недела е недела на тишината?
Старецот го повика да појдат до градината. Таму имаше дрво полно со пупки.
„Што гледаш?“ го праша тој.
Гледам пупки како се спремаат да процветаат.
Старецот се насмевна.
Дали слушаш некаков шум кога ќе се отворат?
Не.
И сепак, во тој момент, се случува најголемото чудо на природата. Цветот се раѓа во тишина.
Тогаш старецот му рече:
Така е и оваа недела пред Велигден. Црквата е малку потивка, бидејќи нешто големо се подготвува да процвета.
Младиот човек го прашал:
И што цвета?
Старецот одговори:
Срцето на човекот кое се подготвува да се сретне со Страданието и Воскресението Христово.
И додаде:
Ако ги исполниме овие денови со бучава, нема да чуеме ништо.
Но, ако дозволиме малку тишина во себе, тогаш ќе разбереме зошто Црквата полека нè води кон Страсната седмица и Воскресението
Оваа недела е како одмор пред настаните од Страсната седмица.
Време е за:
повеќе молитва
помалку зборови
повеќе покајание
повеќе мир во срцето
Зашто Воскресението не се подготвува со врева, туку со тишина.
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
.png)
Comments
Post a Comment
Напиши коментар