Акатист кон Свети Василиј Острошки
Кондак 1
Богоносен архиереју на Срспската Црква,свет и чудотворен оче Василије,оваа пофална песна ти ја принесуваме од грешните и расплакани души наши.И те молиме во покајание биди и сега како и секогаш милосрден за децата на оваа земја и заштити не од секоја напаст да те величаме низ вековите.
Радувај се,свети Василије,пофалбо на нашиот род!
Икос 1
Ангел во тело си бил меѓу луѓето.Со чудената сила на Духот си ги врзал сите искушенија.Затоа Те славиме во песните:
Радувај се,оче на отците преподобни,научи многумина на верата православна
Радувај се,неуморен служител на Евангелието,со поуките и делата твои не спасуваш од зло
Радувај се,чувару и учител на православието
Радувај се,утешителу во жалост на овој век
Радувај се,исцелителу на секакви болести
Радувај се,пастиру на заблудените овци,кој усрдно ги враќаш на патот на вистината и животот
Радувај се,хранител на изгладнетите души
Радувај се,просветителу на помрачените умови
Радувај се,свети Васлилује,пофалбо на нашиот род.
Кондак 2
Ја виде Господ побожноста Твоја уште од детството чесно однегувана и љубов чиста на неговата Црква.Затоа те украси со убавина неминлива и ти дарува дар на чудотворство да ги лечиш и спасуваш луѓето од сите болести на душата и телото.И како свеќник кој никогаш не се гасни те посвети во архиерејско служење во оние тешки денови на српскиот род,да се грижиш и тогаш и сега за секој кој се кае и пати и со Тебе го слави Бога.Алилуја!
Икос 2
Разумот човечки си го вразумил утопен во темнината на сомнежот и незнаењето.Со чудесната сила,обдарен од Светиот Дух,си учел и го учиш секого со подвизите свои на верата православна.Затоа те фалиме,оче преблажен.
Радувај се,богомудри,си не умудрил нас лесноумните
Радувај се,наставниче,не просветли нас во темнината на неверието
Радувај се,трубо богогласна,ни јави нас голема радост
Радувај се,бидејќи даваш радост на оздравување
Радувај се,бидејќи си ги скротил лукавите духови
Радувај се,на небото и на земјата прославен
Радувај се,свети Василије,пофалбо на нашиот род.
Кондак 3
Силата на Вишниот Те прослави во испосницата на Острошката обител и како многуплодна маслина од која тече милост на чудотворства те дарува на народот Српски и веселение на сите кои ти воспеваат и те молат во слава на името Господово.Алилуја.
Икос 3
Имаш светителска моќ на Христов исповедник,бидејќи ги победи со трпение и љубов сите демонски учења на злобата.Со венец од нашите солзи и молитви Те величаме,оче милосрден.
Радувај се,угодниче Божји Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. со небесната слава овенчан
Радувај се,верен слуго на Пресвета Троица,за својата верност прими награда од небесата
Радувај се,возобновител на Црквата измачена,со себе си изградил храм на Создателот
Радувај се,пустиножителу прекрасен,со Твоите подвизи процвета пустината Острошка како лилијан невенлив и миомирисен
Радувај се,победниче над нечистите сили,си го псорамил насилството со агарјанското смиреноумие
Радувај се,Ти што во Себе го носиш царското име и во работата и бдеењето стекнуваш милост на славата Царска!
Радувај се,со солзите на твоето страдање го изми од гревот нашето слепило
Радувај се,гледач на небесните тајни,ни даваш утеха и помош
Радувај се,свети Василије,пофалба на нашето семејство!
Кондак 4
Ја замолчивте бурата од безбожни намери што сакаа да го оттуѓат Захумље од православната вера,го научивте својот народ да не се плаши од смртта,туку од искуенијата и задоволствата на гревот,да живее со пост и милостина и да се моли со вас да ја прославува Светиата Троиза,во три лица на еден Бог.Алилуја.
Икос 4
Чуја сите надалеку за Твојата побожност од младоста и за духовникот свет во замјата на Свети Сава.Затоа демонските слуги те прогониле со страшното оружје на својата злоба.Ти си се борел со мечот на божествените зборови и му послужи на Христа се до крај:
Радувај се,Ти што си се трудел во добро дело
Радувај се,зашто си ја сочувал верата во искушенијата
Радувај се,Ти што со својот крст си го заштитил овој народ да не биде поробен на туѓи замки
Радувај се,со својот дух ја просветли нашата земја
Радувај се,отсекогаш си ил бранител на незаштитените
Радувај се,секоја вистинска солза ја утеши
Радувај се,секоја рана на душата и телото ја излечи
Радувај се,добар и непрестаен пастиру,си ги проветлил Захумње,Црна Гора и Приморјето и другите краишта на српската земја
Радувај се,свети Василије,пофалба на нашиот род!
Кондак 5
Како ѕвезда дадена од Бога,ти блесна од духовните височини и ги осветли сите што сеат во сенката на смртта и темнината на гревот.Те фалат сите кои го слават Творецот,Алилуја.
Икос 5
Ги виде сите неправди и наслинства што ги претрпе Твоето родно племе и си претрпел со тоа како прогонство.Затоа си дошол во Острошката испосница и си се предал на молитва и бдеење.Си трпел многу за доброто на сите и си го славел Бога со чудата што беа сведоци:
Радувај се,до смртта си служел свето
Радувај се,си заблескал во светлост вечна
Радувај се, славна дарбо,дарбата твоја е во секоја преобратена душа
Радувај се,неисцрпен во добродетелство
Радувај се,бидејќи ги спасуваш сите кои Ти се молат
Радувај се,што им помагаш и на оние кои Те забораваат
Радувај се,си ја достигнал серафимската висина
Радувај се,свети Василије свети,пофалбо на нашиот род.
Кондак 6
Проповедниче славни,Оче свети,си сакал мир во светот и во својата душа.Низ толку неволји си помол во Гората Сатонска за да го избегнеш огнот на братската омраза.И кога си се вратил од далечната осаменост во бурните страни на на родната земја си ги послушал советите на мудриот патријарх српски книгољубецот Пајсиј.Како архипастир си отишол нестраѓливо да го спасуваш народот од пропаста агарјанска и така да му служиш на Христос Спасителот:Алилуја!
Икос 6
Светоста на Твојот живот блесна во Острог.Луѓето таму запознаа многу чуда и се ослободуваа од болести и пороци,го прославуваа Бога во своите светии и Ти принесоа благодарствена песна:
Радувај се,Владико,во страдањата славен,не спасува нас бедните со небесна сила
Радувај се,на студенилото на лутиот камен,многу си пострадал за топлината Божја
Радувај се,ти што збратимуваш многумина пред кивотот на Твоите прославени мошти
Радувај се,апостолски труд си покажал
Радувај се,со ангелска слава си удостоен
Радувај се,со силата од Бога дадена како Илија некогаш творши чуда
Радувај се,на добрината на богатите и по упокојувањето свое се молиш за нас
Радувај се,свети Василије,пофалбо на нашиот род.
Кондак 7
Кога дојде време да ги напуштиш браќата,од овој свет да појдеш во царството вечно,си ги учел пастирите и монасите преподобни да ја чуваат верата во својот народ.Твојата чиста душа ја носеле херувимите во прегратките Христови со песната:Алилуја!
Икос 7
Нов светител ни дарува нас Господ и по смртта Твоја прослевано тело,украсено со силата на лечење на немоќите за сечие добро и спасение на душите.Заради тоа вселената ви пее денес:
Радувај се ковчегу на најубави дарови
Радувај се,изворе во кој се миеме со солзи на покајание и опростување
Радувај се,од Тебе благодатта се излева како масло во пламенот на нашето битие
Радувај се,тој во себе го подига олтарот на евнагелската љубов
Радувај се,со порој молитви го изгаси злото
Радувај се,на каменот на верата православна си засадил лоза на нашата побожност
Радувај се,си неследил бесмртност на небото
Радувај се,со милоста Божја си го собладал трулежот на гробот
Радувај се,Твоите мошти се ризница на лекови
Радувај се,си постанал сопатник на бестелесни суштества
Радувај се,свети Василие,пофалба на нашиот род
Кондак 8
Луѓето се воскхитуваат на големата тајна како трулежното се претвара во нераспадливо и постанува извор на оздравување и мир.Мал е нашиот ум тоа да го разбере,само во верата може да се доживее како силата Божја се пројавила во Твојата напатеност и сега свето тело.Ги целиваме Твоите исцелителни мошти со благодарност на Бога:Алилуја
Икос 8
Целиот осветен и обдарен од небото ни помагаш на сите со своето застапништво,не заборавај ги ни овие молитви и молби од нас кои со вера е спомнуваме и Твојот празник со песна го прославуваме:
Радувај се,непоколебливи столбе на православието
Радувај се,учителу на секоја доброта
Радувај се,смирен и незлоблив Оче
Радувај се,украсе на испосниците
Радувај се,спасителу на патиштата погибелни
Радувај се,молитвениче секогаш будни
Радувај се,застапниче искрен на сите луѓе
Радувај се,ни дарува нас голема радост
Радувај се,свети Василије,пофалбо на нашиот род.
Кондак 9
Сите ангелски чинови се радуваат на твоите подвизи и заминување на небо.Со бестелесните сили во непролазна слава си останал со нас посветен со тело.Во краткиот земен век си се грижел за секоја душа и нејзините маки.И по смртта,која не ги собладува моштите,Твојата помош тече пребогато.Благодарни на Бог за овој дар,нашите молитви се полни со пофалби:Алилуја.
Икос 9
Со чудесата Твои како светлост незгаслива се просветлува нашата татковина и сите кои приоѓаат на Твојот кивот,молејќи исцелување и утеха на душата
Радувај се,светителу,чудотворче
Радувај се,доктору што ги гледаш сите рани
Радувај се,им ја врати силата на оние што беа земени
Радувај се,пушти куците да шетаат
Радувај се,го ослободи јазикот на немиот
Радувај се,на слепите им ги зацвстви очите
Радувај се,им ги отвори ушите на глувите
Радувај се,Ти што ги лекуваш беспомошните
Радувај се,зашто ги правиш мудрите безумни
Радувај се,на сите болни му даваш оздравување
Радувај се,на сите тагата им ја претвараш во радост
Радувај се,верните ги утврдуваш во верата
Радувај се,малодушните направи да се отрезнат
Радувај се,сите со Тебе се фалиме и се радуваме
Радувај се,свети Василије,пофалнбо на нашиот род.
Кондак 10
Господ Христос сака да ги спаси сите луѓе,затоа Те покажа прославен и богат со чуда,да им ја благовестиш науката Негова и низ покајание ги приведеш кон Бог,славејќи го:Алилуја!
Икос 10
Ти си карпа и заштита на сите кои прибегнуваат кон Тебе,о преблажен.Ти имаш вера со која се пренесува погоре и љубовта што ги надминува јазиците на ангелите.Тебе ти се радува Црквата,а со неа и сите во вселената:
Радувај се,Ти што си го зачувал апостолското предание
Радувај се,зашто си ги уможил своите пропрочки таленти
Радувај се,што си пострадал како маченик за вистината
Радувај се,зашто како Јов си поднел неволји
Радувај се,укрепен со ревност од пламен,се угледа на светите Отци и учители
Радувај се,што делото на богоносниот Владика Сава го продолжи усрдно,просветлувајќи ја земјата Српска
Радувај се,огледало на небеската слава
Радувај се,со чисто срце си го видел Бога
Радувај се,најтопол зрак на Сонцето на правдата
Радувај се,молњо која ги спалуваш нечистите мисли
Радувај се,како зора си заблескал во ноќта на големи страдања
Радувај се,свети Василије,пофалбо на нашиот род.
Кондак 11
Песната наша е немоќна пред химната на Твоите чудеса,со нив Ти сведочиш за Бог до секоја генерација.Пред Тебе нашите зборови се изгубени и сите земни грижи исчезнуваат.Во твоите дела се јавува рајот,во соборот на светите пееш:Алилуја!
Икос 11
Свеќа на светлост неизгаслива си бил на земјата и сега прославен со тело.Во сон си ја открил на монахот преподобна голема радост со која нас не израдува Господ.Дојдоа браќата на семејството острошко и со молитви ги целиваа Твоите мошти:
Радувај се,светителу,оче Василије,бесмртен живот си наследил и си ни го посведочил нас со твојата нераспадливост
Радувај се,со Твојата слава и ние се спасуваме
Радувај се,правата вера нас ни ја покажа
Радувај се,си ги развеселил сите праведни души
Радувај се,многумина од пропаст си вратил во живот
Радувај се,си се возвишил до висините на блаженството
Радувај се,зашто со штитот на воздржаноста ги скрши сите сатански стрели
Радувај се,богоносец,во срцето го носеше Господа
Радувај се,свети Василије,пофалба на нашиот род
Кондак 12
Благодат примена од Бога не си задржал туку си умножил на земјата и си го разделил милосрдието меѓу луѓето.Затоа тие доаѓаат кај тебе во неволји,со врела молитва во срцето свое,сите твои,од Твоето стадо и многу други што тоа не се.И сите пред Тебе како еден во побожна желба и го чекаат дарот на Семилостивиот во твоите чуда:Алилуја!
Икос 12
Ти пееме сите на твоето славно упокојување,Тебе-храм Божји и пребивалиште на чудотворниот Дух,и нежно се каеме и те молиме и прославуваме:
Радувај се,побожен и милостив оче
Радувај се,садови со животворна вода
Радувај се,дијада на Српската Црква
Радувај се,на смиреноста и кроткоста на убавото
Радувај се,како смртник си се спасил за вечен живот
Радувај се,твојата чиста душа си ја дал на Создателот
Радувај се,Бог те удостои со најголема слава
Радувај се,свети Василие,пофалба на нашиот род.
Кондак 13
Угодниче Божји,Василије чудотвоче,прими го милостиво ова молење наше како покајна молитва и повик да измолиш за сите нас опроштај и спасение во Христа Господа:Алилуја
(Овој кондак се чита три пати,а потоа Икос 1 и Кондак 1
✍️ Подготвено од блогот „Православни Духовни поуки од Светите Старци“
Comments
Post a Comment
Напиши коментар