Богородица која ги брише солзите на светот
Има солзи што никој не ги гледа.
Солзи што паѓаат ноќе, кога сè е тивко.
Солзи на мајка во агонија за своето дете.
Овој текст е преземен од блогот Православни Духовни поуки од Светите Старци. Доколку го читате ова на друга веб-страница, станува збор за неовластено копирање на содржината. На татко кој се бори да го прехрани своето семејство.
На човек кој го изгубил оној што го сакал.
На болен човек кој се плаши.
На млад човек кој се чувствува осамен.
На човек кој се насмевнува пред другите, а одвнатре го боли.
И тогаш, кога човечката утеха не успева, таму е Таа.
Богородица.
Мајката Христова и Мајка на сите кои со вера се засолнуваат кај неа.
Нејзе не ѝ е непознато човечкото страдање. Таа длабоко го познава. Таа стоеше под Крстот на својот Син и Го гледаше како страда Оној Кого Го роди. Затоа, Таа може да ја разбере секоја мајка, секој страдалник, секоја душа што е пред искушение.
Богородица не ни ветува живот без крст.
Но, таа нè учи како да стоиме под крстот без да ја изгубиме верата.
Таа не секогаш веднаш ја отстранува тагата, туку станува наше присуство и утеха во неа.
Не секогаш ги менува околностите, но може да го промени нашето срце, да му даде трпение, сила и надеж.
Колку луѓе застанале пред нејзината икона без да можат да изговорат ниту еден збор?
Само гледале кон неа.
Само плачеле.
А тоа било нивната молитва.
Затоа што Богородица ја разбира и таа молитва што не се искажува со зборови, туку со солзи.
И кога би можеле да видиме колку страдалници примила нејзината мајчинска прегратка низ вековите, би разбрале зошто нашиот народ ја нарекува Утешителка, Милостива, Брзопослушничка.
Одиме кај Неа кога не знаеме каде на друго место да одиме.
Кај Мајката.
А мајката не бара многу објаснувања.
Го гледа своето дете и разбира.
Така е и со нашата Богородица.
Ги гледа раните што ги криеме.
Ги гледа грижите за кои не зборуваме.
Ги гледа солзите кои брзо ги бришеме за да не нè видат другите.
И Таа ги зема сите нив и ги носи пред својот Син:
„Сине мој, погледни го ова дете што страда“.
Во тоа се состои величината на Богородица.
Таа не го задржува човекот за себе, туку секогаш го води кон Христа.
И кога ѝ се молиме на Богородица, не бараме од Неа да го заземе местото на Бога. Ја молиме да посредува за нас пред нејзиниот Син, како што едноставно Му рече во Кана Галилејска: „Немаат вино“.
Таа ги гледа нашите недостатоци.
Ја гледа нашата празнина.
Гледа што ни недостасува за да продолжиме.
И Таа се моли за нас.
Затоа, кога ќе дојдат тешки времиња, не срамете се да И се обратите едноставно:
„Богородице, не можам повеќе да издржам.
Мајко Божја, помогни ми.
Пресвета, закрилувај го моето дете.
Дај му храброст на моето срце.“
Можеби нема да слушнете одговор во зборови.
Но, ќе ја почувствувате таа слатка внатрешна сила што ве крева од дното и ви вели:
„Не плаши се. Продолжи“.
И тогаш сфаќаш дека верата не значи дека нема да плачеш.
Значи дека и во солзите нема да бидеш сам.
Богородица е таму.
До мајката која бдее до доцна во ноќта.
До болниот.
Покрај ожалостениот.
До сиромавиот.
До обесправениот.
До оној што паднал и сака повторно да стане.
И со своето мајчинско присуство, таа како да ги брише солзите на целиот свет.
Не затоа што нема да има повеќе болка.
Туку затоа што болката, кога е потпрена на верата, го нема последниот збор.
Христос секогаш го има последниот збор.
А Богородица е таа што нè фаќа за рака и нè води кон Него.
Пресвета Богородице, закрилувај ги оние што се во болка, утеши ги оние што тагуваат, укрепи ги оние што се во искушение и со Твојата мајчинска љубов избриши ја секоја скриена солза во нашите срца. Амин.
отец Димитриос Аргирис
Прочитајте и : Тивкиот плач кон Богородица, АКАТИСТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Текстовите на овој блог се подготвени со многу труд од страна на Православни Духовни поуки од Светите Старци.
Строго е забрането копирање на текстовите и нивно директно објавување на Фејсбук страници, групи или други веб-сајтови. Доколку сакате да споделите некоја поука, ве молиме направете го тоа исклучиво преку споделување на директниот линк од блогот, со цел да се почитува авторскиот труд. Ви благодариме на разбирањето! Христос Воскресе!
Comments
Post a Comment
Напиши коментар